интерпретација
Значење на интерпретација:
1. Толкување, објаснување на содржината или смислата на нешто (на некој текст, книга, закон итн.).
2. Сценска изведба, исполнување на литературно или на музичко дело. Интерпретацијата на најмладиот актер предизвика воодушевување кај публиката.
Множина: интерпретации.
Изведени зборови:
- интерпретациски, прид. интерпретацискиот
Оригинални податоци:
интерпретација, мн. интерпретации ж. 1. Толкување, објаснување на содржината или смислата на нешто (на некој текст, книга, закон итн.). 2. Сценска изведба, исполнување на литературно или на музичко дело. Интерпретацијата на најмладиот актер предизвика воодушевување кај публиката. ‖ интерпретациски, интерпретацискиот прид.