интерпункција
Само во еднина.
Значење на интерпункција:
Правописни знаци што служат за означување на речениците и нивните делови, паузите и интонацијата на речта (точка, запирка, прашалник, извичник, загради и др.).Изведени зборови:
- интерпункциски, прид. интерпункцискиот Што се однесува на интерпункција. Интерпункциски знак.
Оригинални податоци:
интерпункција (само едн.) ж. Правописни знаци што служат за означување на речениците и нивните делови, паузите и интонацијата на речта (точка, запирка, прашалник, извичник, загради и др.). ‖ интерпункциски, интерпункцискиот прид. Што се однесува на интерпункција. Интерпункциски знак.