интонација

Именка, женски род

Значење на интонација:

1. Различен начин на повишување и снижување на гласот при говорење, изразување чувства, расположби. Се чувствува тажна интонација кај македонските народни тажачки.

2. (лингв.) а) Ритмичко-мелодиска страна на реченицата што зависи од повишувањето или снижувањето на тонот при изговарањето на различни видови реченици. Прашална интонација. б) Музикален акцент, карактеристичен за некои источни јазици.

3. (муз.) а) Звучење на музички инструмент при свирење и на глас при пеење. б) Давање основен тон при започнување со свирење или со пеење.

Множина: интонации.

Изведени зборови:

  • интонациски, прид. интонацискиот Интонациски сигнали.

Оригинални податоци:

интонација, мн. интонации ж. 1. Различен начин на повишување и снижување на гласот при говорење, изразување чувства, расположби. Се чувствува тажна интонација кај македонските народни тажачки. 2. (лингв.) а) Ритмичко-мелодиска страна на реченицата што зависи од повишувањето или снижувањето на тонот при изговарањето на различни видови реченици. Прашална интонација. б) Музикален акцент, карактеристичен за некои источни јазици. 3. (муз.) а) Звучење на музички инструмент при свирење и на глас при пеење. б) Давање основен тон при започнување со свирење или со пеење. ‖ интонациски, интонацискиот прид. Интонациски сигнали.