интригант

Именка, машки род

Значење на интригант:

Лице што прави интриги, што подметнува невистини; сплеткар. Работејќи со кавгаџии и интриганти ја загубив довербата во луѓето.

Множина: интриганти.

Изведени зборови:

  • интригантка, и. ж.
  • интригантски, прид. интригантскиот Што се однесува на интригант. Добро ги познаваше интригантските способности на својот соработник.
  • интригантство, и. ср. Правење интриги, интригирање.

Оригинални податоци:

интригант, мн. интриганти м. Лице што прави интриги, што подметнува невистини; сплеткар. Работејќи со кавгаџии и интриганти ја загубив довербата во луѓето. ‖ интригантка, мн. интригантки ж. ‖ интригантски, интригантскиот прид. Што се однесува на интригант. Добро ги познаваше интригантските способности на својот соработник. ‖ интригантство ср. Правење интриги, интригирање.