иронија
Само во еднина.
Значење на иронија:
1. Прикриено исмејување, при што се зборува спротивно од тоа што се мисли; потсмев, подбив. Во селото е познат по прекарот Поет, што содржи елемент на иронија.
2. (лит.) Стилска фигура со која се исмејува некој или нешто во форма на привидна согласност или пофалба.
Фразеолошки израз / поговорка:
Иронија на судбината ‒ неочекуван настан, спротивен од нормалното, чудна случајност, игра на случајот.
Оригинални податоци:
иронија (само едн.) ж. 1. Прикриено исмејување, при што се зборува спротивно од тоа што се мисли; потсмев, подбив. Во селото е познат по прекарот Поет, што содржи елемент на иронија. 2. (лит.) Стилска фигура со која се исмејува некој или нешто во форма на привидна согласност или пофалба. ◊ Иронија на судбината ‒ неочекуван настан, спротивен од нормалното, чудна случајност, игра на случајот.