исчека

Глагол, свршен

Значење на исчека:

1. Дочека до крај нешто да заврши. Не можеше да исчека да не му каже прва. Одвај исчека сите да поминат.

2. Дочека, доживее нешто. Исчекаа внуци и правнуци. Што времиња исчекавме!

Коњугација: исчекаат.

Изведени зборови:

  • исчекува, глаг. несв. исчекуваат
  • исчекување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Да исчекате на челад ‒ благослов.

Оригинални податоци:

исчека, исчекаат св. 1. Дочека до крај нешто да заврши. Не можеше да исчека да не му каже прва. Одвај исчека сите да поминат. 2. Дочека, доживее нешто. Исчекаа внуци и правнуци. Што времиња исчекавме! ◊ Да исчекате на челад ‒ благослов. ‖ исчекува, исчекуваат несв. ‖ глаг. им. исчекување ср.