исчисти
Значење на исчисти:
1. Направи нешто да биде чисто; чисти. Ја исчисти куќата. Го исчистија патот од снегот што напаѓа ноќта.
2. (прен.) Отстрани, протера непожелни лица; ослободи од некого. Ја исчистија планината од разбојници.
Коњугација: исчистат.
Изведени зборови:
- исчистување, глаг. им. ср.
- се ~ исчисти, Стане чист. Се исчисти од сламките.
- (се) исчистува, глаг. повт. (се) исчистуваат
Оригинални податоци:
исчисти, исчистат св.1. Направи нешто да биде чисто; сп. чисти. Ја исчисти куќата. Го исчистија патот од снегот што напаѓа ноќта. 2. (прен.) Отстрани, протера непожелни лица; ослободи од некого. Ја исчистија планината од разбојници. ● се ~ Стане чист. Се исчисти од сламките. ‖ (се) исчистува, (се) исчистуваат повт. ‖ глаг. им. исчистување ср.