исчука
Значење на исчука:
1. Заврши со чукање. Ја исчукаа 'ржта. Го исчука оревот.
2. (прен., разг.) Збудали. Си ја исчука главата, но не можеше да се сети каде го остави клучот. Сте му го исчукале умот на детето.
Коњугација: исчукаат.
Изведени зборови:
- исчукување, глаг. им. ср.
- се ~ исчука, Кон зн. 2. Жената сосема се исчукала.
- (се) исчукува, глаг. несв. (се) исчукуваат кон зн. 1.
Оригинални податоци:
исчука, исчукаат св. 1. Заврши со чукање. Ја исчукаа 'ржта. Го исчука оревот. 2. (прен., разг.) Збудали. Си ја исчука главата, но не можеше да се сети каде го остави клучот. Сте му го исчукале умот на детето. ● се ~ Кон зн. 2. Жената сосема се исчукала. ‖ (се) исчукува, (се) исчукуваат несв. кон зн. 1. ‖ глаг. им. исчукување ср.