исцрта
Значење на исцрта:
1. а) Пополни со црти, испише црти. Ги исцрта контурите на објектот. б) Изработи цртеж.
2. Потроши цртајќи. Го исцрта целото блокче.
Коњугација: исцртаат.
Изведени зборови:
- се ~ исцрта, (прен.) Се изрази, се покаже (обично на лице). Некаква гримаса на одбивност му се исцрта на лицето. Омразата му се исцртуваше во очите.
- (се) исцртува, глаг. несв. (се) исцртуваат
Оригинални податоци:
исцрта, исцртаат св. 1. а) Пополни со црти, испише црти. Ги исцрта контурите на објектот. б) Изработи цртеж. 2. Потроши цртајќи. Го исцрта целото блокче. ● се ~ (прен.) Се изрази, се покаже (обично на лице). Некаква гримаса на одбивност му се исцрта на лицето. Омразата му се исцртуваше во очите. ‖ (се) исцртува, (се) исцртуваат несв.