искапе 2
Значење на искапе:
1. Истече капка по капка.
2. Накапе, извалка со повеќе капки (облека). Си ги искапа панталоните со восок.
3. За очи ‒ премногу напрегне, измори до солзи. Очите ми искапаа.
4. Попадне (за лисја). Лисјата на дрвјата искапаа.
Коњугација: искапаа , искапав , искапал , искапан , искапат , искапен, искапете , искапи , (ќе) искапеа , (ќе) искапев , (ќе) искапел .
Изведени зборови:
- се ~ искапе, Се накапе.
- (се) искапува, глаг. несв. (се) искапуваат
Оригинални податоци:
искапе2, искапат; искапи, искапете; искапав, искапаа; искапал; искапан; (ќе) искапев, (ќе) искапеа; (ќе) искапел; искапен св. 1. Истече капка по капка. 2. Накапе, извалка со повеќе капки (облека). Си ги искапа панталоните со восок. 3. За очи ‒ премногу напрегне, измори до солзи. Очите ми искапаа. 4. Попадне (за лисја). Лисјата на дрвјата искапаа. ● се ~ Се накапе. ‖ (се) искапува, (се) искапуваат несв.