искара

Глагол, свршен

Значење на искара:

1. Скара некого со забележливо позасилена лутина. Дедото ги искара внуците.

2. Направи да се искара некој, да ги расипе односите со повеќемина пријатели, другари, познати. Таа прво го искара него со најдобрите другари, а потоа и самата го напушти.

3. (дијал.) Испцуе. Сè му искара, и мајка и вера, сè.

Коњугација: искараат.

Изведени зборови:

  • искарување, глаг. им. ср.
  • се ~ искара, Расипе, прекине односи со повеќемина или прекинат односи повеќемина меѓу себе. Се искара со мајка си поради пиењето. Тие се искараа сите еден со друг и го растурија друштвото.
  • (се) искарува, глаг. повт. (се) искаруваат

Оригинални податоци:

искара, искараат св. 1. Скара некого со забележливо позасилена лутина. Дедото ги искара внуците. 2. Направи да се искара некој, да ги расипе односите со повеќемина пријатели, другари, познати. Таа прво го искара него со најдобрите другари, а потоа и самата го напушти. 3. (дијал.) Испцуе. Сè му искара, и мајка и вера, сè. ● се ~ Расипе, прекине односи со повеќемина или прекинат односи повеќемина меѓу себе. Се искара со мајка си поради пиењето. Тие се искараа сите еден со друг и го растурија друштвото. ‖ (се) искарува, (се) искаруваат повт. ‖ глаг. им. искарување ср.