искаже
Значење на искаже:
1. Каже, изрази со зборови мисла, идеја, впечаток и сл. Го искажа отворено своето мислење за нивната активност.
2. Каже, соопшти сè што треба, што има да каже. Знаеше дека сè ќе ѝ искаже нејзе и затоа ѝ беше страв.
Коњугација: искажаа , искажав , искажал , искажан , искажат , искажете , искажи , (ќе) искажеа , (ќе) искажев , (ќе) искажел.
Изведени зборови:
- искажување, глаг. им. ср. искажување, PLUR_искажувања Во неговите искажувања имаше многу фантазија.
- се ~ искаже, Каже, изрече, изрази своја мисла во однос на некој проблем; се изјасни, се произнесе. За ова прашање никој досега не се искажал. Чувствуваше потреба да се искаже пред него.
- (се) искажува, глаг. несв. (се) искажуваат
Оригинални податоци:
искаже, искажат; искажи, искажете; искажав, искажаа; искажал; искажан; (ќе) искажев, (ќе) искажеа; (ќе) искажел св. 1. Каже, изрази со зборови мисла, идеја, впечаток и сл. Го искажа отворено своето мислење за нивната активност. 2. Каже, соопшти сè што треба, што има да каже. Знаеше дека сè ќе ѝ искаже нејзе и затоа ѝ беше страв. ● се ~ Каже, изрече, изрази своја мисла во однос на некој проблем; се изјасни, се произнесе. За ова прашање никој досега не се искажал. Чувствуваше потреба да се искаже пред него. ‖ (се) искажува, (се) искажуваат несв. ‖ глаг. им. искажување, мн. искажувања ср. Во неговите искажувања имаше многу фантазија.