искилави
Значење на искилави:
Направи некого да биде килав. Го искилавивте добитокот со тој товар.Коњугација: искилават.
Изведени зборови:
- искилавување, глаг. им. ср.
- се ~ искилави, 1. Добие кила, стане килав. 2. (прен., разг., ирон.) Се премори, се сотре од голем напор. Ние се искилавивме од работа, а вие ни да прашате како сме.
- (се) искилавува, глаг. несв. (се) искилавуваат
Оригинални податоци:
искилави, искилават св. Направи некого да биде килав. Го искилавивте добитокот со тој товар. ● се ~ 1. Добие кила, стане килав. 2. (прен., разг., ирон.) Се премори, се сотре од голем напор. Ние се искилавивме од работа, а вие ни да прашате како сме. ‖ (се) искилавува, (се) искилавуваат несв. ‖ глаг. им. искилавување ср.