исклучи
Значење на исклучи:
1. Отстрани од група, од друштво, од членство, од игра и сл. Го исклучија од училиште. Партијата го исклучи од своите редови.
2. а) Не земе предвид, намерно изостави, изземе од нешто. Јас ги исклучувам нив од списокот на виновници. б) Не допушти. Судијата овде исклучи секаква можност за кражба.
3. Прекине работа, проток, довод, дејство на уред вклучен во некаков систем (на струја, вода и сл.), прекине врска. Го исклучи телевизорот и си легна. Заврши со пеглањето и ја исклучи пеглата.
Коњугација: исклучат.
Изведени зборови:
- исклучување, глаг. им. ср. исклучување, PLUR_исклучувања Во текот на играта имаше неколку исклучувања.
- се ~ исклучи, 1. Се повлече, се издвои од нешто (за човек). Целосно се исклучив од сите случувања. 2. Престане да работи, прекине, запре. Машината се исклучи.
- (се) исклучува, глаг. несв. (се) исклучуваат
Оригинални податоци:
исклучи, исклучат св. 1. Отстрани од група, од друштво, од членство, од игра и сл. Го исклучија од училиште. Партијата го исклучи од своите редови. 2. а) Не земе предвид, намерно изостави, изземе од нешто. Јас ги исклучувам нив од списокот на виновници. б) Не допушти. Судијата овде исклучи секаква можност за кражба. 3. Прекине работа, проток, довод, дејство на уред вклучен во некаков систем (на струја, вода и сл.), прекине врска. Го исклучи телевизорот и си легна. Заврши со пеглањето и ја исклучи пеглата. ● се ~ 1. Се повлече, се издвои од нешто (за човек). Целосно се исклучив од сите случувања. 2. Престане да работи, прекине, запре. Машината се исклучи. ‖ (се) исклучува, (се) исклучуваат несв. ‖ глаг. им. исклучување, мн. исклучувања ср. Во текот на играта имаше неколку исклучувања.