исклучителен

Придавка

Значење на исклучителен:

1. Што отстапува од општите правила; редок, посебен. Тоа важи само во исклучителни случаи, не секогаш.

2. Извонреден, несекојдневен. Тој е исклучителен човек.

3. Што претставува исклучок, што ги исклучува другите, што не се однесува на сите. Исклучително право.

Членувана форма: исклучителниот.

Изведени зборови:

  • исклучително, прил. 1. Само, единствено. Се интересираше исклучително за историја. 2. Извонредно, несекојдневно. Чекореше исклучително грациозно и женствено.
  • исклучителност, и. ж. 1. Особина на тој што е исклучителен, својство на тоа што е исклучително. 2. Извонредност.

Оригинални податоци:

исклучителен, исклучителниот прид. 1. Што отстапува од општите правила; редок, посебен. Тоа важи само во исклучителни случаи, не секогаш. 2. Извонреден, несекојдневен. Тој е исклучителен човек. 3. Што претставува исклучок, што ги исклучува другите, што не се однесува на сите. Исклучително право. ‖ исклучително прил. 1. Само, единствено. Се интересираше исклучително за историја. 2. Извонредно, несекојдневно. Чекореше исклучително грациозно и женствено. ‖ исклучителност ж. 1. Особина на тој што е исклучителен, својство на тоа што е исклучително. 2. Извонредност.