ископина

Именка, женски род

Значење на ископина:

1. Место каде што се врши ископување, вдлабнатина, јама. Ги видов археолошките ископини што се вршеа под руините на старата тврдина.

2. (археол.) Предмет пронајден при ископување во археолошко наоѓалиште. Пронајдени се многу ископини од камената епоха.

Множина: ископини.

Изведени зборови:

  • ископински, прид. ископинскиот Ископински откритија.

Оригинални податоци:

ископина, мн. ископини ж. 1. Место каде што се врши ископување, вдлабнатина, јама. Ги видов археолошките ископини што се вршеа под руините на старата тврдина. 2. (археол.) Предмет пронајден при ископување во археолошко наоѓалиште. Пронајдени се многу ископини од камената епоха. ‖ ископински, ископинскиот прид. Ископински откритија.