искористи
Значење на искористи:
1. Извлече корист од нешто или од некого. Ја искористи секоја стапка од земјата. Таа ги искористи најновите научни сознанија за да ја докаже својата теорија. Него го користат кога им треба стручна помош.
2. Користи определена можност, ситуација за да постигне нешто. Ја искористи неговата наклонетост за да добие подобро работно место. Комисијата го искористи неговото непознавање на новиот закон. Ја искористи маглата и се изгуби во неа.
3. Користи, злоупотреби некого, извлече корист со сила или измама на нечија штета. Го искористи и го остави без размислување.
Коњугација: искористат.
Изведени зборови:
- искористува, глаг. несв. искористуваат
- искористување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
искористи, искористат св. 1. Извлече корист од нешто или од некого. Ја искористи секоја стапка од земјата. Таа ги искористи најновите научни сознанија за да ја докаже својата теорија. Него го користат кога им треба стручна помош. 2. Користи определена можност, ситуација за да постигне нешто. Ја искористи неговата наклонетост за да добие подобро работно место. Комисијата го искористи неговото непознавање на новиот закон. Ја искористи маглата и се изгуби во неа. 3. Користи, злоупотреби некого, извлече корист со сила или измама на нечија штета. Го искористи и го остави без размислување. ‖ искористува, искористуваат несв. ‖ глаг. им. искористување ср.