искра
Значење на искра:
1. Многу ситна светкава или усвитена честичка што се изделува од нешто што гори или при удар на тврди тела. Од ковачницата вивнаа искри и за миг пламна целиот крај.
2. Ситна честица што блеска при силно осветлување; одблесок. Прстенот како да фрлаше ситни искри на сонцето.
3. (прен.) Мал, ситен дел од нешто, трага од некое чувство и сл. Сè уште не исчезнуваше таа искра надеж во мене. Таков е животот ‒ темница на маки и несреќи, со ретки искри на радост.
Множина: искри.
Изведени зборови:
- искриче, и. ж. мн. искричиња ср., искричка, мн. искрички дем и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Од искра ‒ пламен ‒ мал незначаен повод за голема караница. Искри фрла (му излегуваат) од очите ‒ многу е лут.
Оригинални податоци:
искра, мн. искри ж. 1. Многу ситна светкава или усвитена честичка што се изделува од нешто што гори или при удар на тврди тела. Од ковачницата вивнаа искри и за миг пламна целиот крај. 2. Ситна честица што блеска при силно осветлување; одблесок. Прстенот како да фрлаше ситни искри на сонцето. 3. (прен.) Мал, ситен дел од нешто, трага од некое чувство и сл. Сè уште не исчезнуваше таа искра надеж во мене. Таков е животот ‒ темница на маки и несреќи, со ретки искри на радост. ◊ Од искра ‒ пламен ‒ мал незначаен повод за голема караница. Искри фрла (му излегуваат) од очите ‒ многу е лут. ‖ искриче, мн. искричиња ср., искричка, мн. искрички ж. дем и хип.