искрен

Придавка

Значење на искрен:

Што го искажува тоа што го мисли и чувствува, што не крие; отворен. Таа беше една простодушна и искрена жена. Дај ми искрен одговор, не сакам лаги.

Членувана форма: искрениот.

Изведени зборови:

  • искрено, прил. Отворено. Искрено се израдува на нашата средба. Зборуваше искрено и јас му верував.
  • искреност, и. ж. Особина на тој што е искрен.

Оригинални податоци:

искрен, искрениот прид. Што го искажува тоа што го мисли и чувствува, што не крие; отворен. Таа беше една простодушна и искрена жена. Дај ми искрен одговор, не сакам лаги. ‖ искрено прил. Отворено. Искрено се израдува на нашата средба. Зборуваше искрено и јас му верував. ‖ искреност ж. Особина на тој што е искрен.