искубе

Глагол, свршен

Значење на искубе:

Вади, истргне влакна или пердуви од корен. Ја искуба кокошката. Ми ја искуба косата.

Коњугација: искубаа , искубав , искубал , искубан , искубат , искубете , искуби , (ќе) искубеа , (ќе) искубев , (ќе) искубел.

Изведени зборови:

  • искубување, глаг. им. ср.
  • се ~ искубе, (прен.) Се извлече, незабележано излезе, избега. И овој пат успеав да се искубам од рацете на непријателот.
  • (се) искубува, глаг. несв. (се) искубуваат

Оригинални податоци:

искубе, искубат; искуби, искубете; искубав, искубаа; искубал; искубан; (ќе) искубев, (ќе) искубеа; (ќе) искубел св. Вади, истргне влакна или пердуви од корен. Ја искуба кокошката. Ми ја искуба косата. ● се ~ (прен.) Се извлече, незабележано излезе, избега. И овој пат успеав да се искубам од рацете на непријателот. ‖ (се) искубува, (се) искубуваат несв. ‖ глаг. им. искубување ср.