искупи

Глагол, свршен

Значење на искупи:

1. Накупи многу нешта. Ги искупи сите блузи од продавницата.

2. Накупи сè што требало да се купи, заврши со купување. Искупија сè што требаше за роденденот.

3. Плати откупнина за нешто. Се советуваа како да ги жртвуваат парите за да ги искупат животите.

4. (прен.) Заслужи прошка со нешто за некоја грешка и сл. Ја искупи својата грешка со тоа што ѝ ја призна целата вистина.

Коњугација: искупат.

Изведени зборови:

  • искупување, глаг. им. ср.
  • се ~ искупи, 1. Кон зн. 4. Не можеше да се искупи за сите свои грешки. 2. (рел.) Добие прочистување на гревот, се избави од грев.
  • (се) искупува, глаг. несв. (се) искупуваат

Оригинални податоци:

искупи, искупат св. 1. Накупи многу нешта. Ги искупи сите блузи од продавницата. 2. Накупи сè што требало да се купи, заврши со купување. Искупија сè што требаше за роденденот. 3. Плати откупнина за нешто. Се советуваа како да ги жртвуваат парите за да ги искупат животите. 4. (прен.) Заслужи прошка со нешто за некоја грешка и сл. Ја искупи својата грешка со тоа што ѝ ја призна целата вистина. ● се ~ 1. Кон зн. 4. Не можеше да се искупи за сите свои грешки. 2. (рел.) Добие прочистување на гревот, се избави од грев. ‖ (се) искупува, (се) искупуваат несв. ‖ глаг. им. искупување ср.