испари

Глагол, свршен

Значење на испари:

1. Се претвори во пареа, мине во гасовита состојба. Водата испари од тенџерето. Испари мирисот од шишенцето.

2. Стави нешто на пареа. Таа го испари лицето со чај од камилица.

3. (прен.) а) Постепено нешто исчезнува, се губи, го снемува. Спласна, испари и неговата лутина, но и неговата доверба во неа. б) (разг.) Исчезне одеднаш, скришно. Дури се свртев, тој испарил. Испарила ракијата што кришум еден од друг ја пиеме.

Коњугација: испарат.

Изведени зборови:

  • испарување, глаг. им. ср. испарување, PLUR_испарувања Штетни испарувања.
  • се ~ испари, Кон зн. 1. Се испари дождот веднаш штом изгреа сонцето.
  • (се) испарува, глаг. несв. (се) испаруваат

Оригинални податоци:

испари, испарат св. 1. Се претвори во пареа, мине во гасовита состојба. Водата испари од тенџерето. Испари мирисот од шишенцето. 2. Стави нешто на пареа. Таа го испари лицето со чај од камилица. 3. (прен.) а) Постепено нешто исчезнува, се губи, го снемува. Спласна, испари и неговата лутина, но и неговата доверба во неа. б) (разг.) Исчезне одеднаш, скришно. Дури се свртев, тој испарил. Испарила ракијата што кришум еден од друг ја пиеме. ● се ~ Кон зн. 1. Се испари дождот веднаш штом изгреа сонцето. ‖ (се) испарува, (се) испаруваат несв. ‖ глаг. им. испарување, мн. испарувања ср. Штетни испарувања.