испартален

Придавка

Значење на испартален:

1. Што е претворен во партали (обично за облека, ткаенина).

2. Што е облечен во парталава облека; одрпан. Испарталените селани во полето личеа на просјаци. Да има што да облече, нема да оди така испартален.

Членувана форма: испарталениот.

Изведени зборови:

  • испарталеност, и. ж.

Оригинални податоци:

испартален, испарталениот прид. Што е претворен во партали (обично за облека, ткаенина). 2. Што е облечен во парталава облека; одрпан. Испарталените селани во полето личеа на просјаци. Да има што да облече, нема да оди така испартален. ‖ испарталеност ж.