исплаче

Глагол, свршен

Значење на исплаче:

1. Излее, преточи чувство во солзи. Ја исплака сета тага што ја носеше во себе со години.

2. Изжали, истажи некого. Го исплакаа уште пред да дознаат што се случило.

3. Спонтано престане да плаче, остане без солзи од многу плачење. Веќе не плачеше, ги исплака сите солзи.

Коњугација: исплакаа , исплакав , исплакал , исплакан , исплачат , исплачен, исплачете , исплачи , (ќе) исплачеа , (ќе) исплачев , (ќе) исплачел .

Изведени зборови:

  • глаг. несв. (се) исплакува, (се) исплакуваат/(се) исплачува, (се) исплачуваат
  • се ~ исплаче, 1. Спонтано престане да плаче. Остави ја нека се исплаче. 2. Раскаже некому за своите проблеми, се изжали пред некого. Таа немаше пред кого да се исплаче.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ги исплака очите ‒ многу плачеше.

Оригинални податоци:

исплаче, исплачат; исплачи, исплачете; исплакав, исплакаа; исплакал; исплакан; (ќе) исплачев, (ќе) исплачеа; (ќе) исплачел; исплачен св. 1. Излее, преточи чувство во солзи. Ја исплака сета тага што ја носеше во себе со години. 2. Изжали, истажи некого. Го исплакаа уште пред да дознаат што се случило. 3. Спонтано престане да плаче, остане без солзи од многу плачење. Веќе не плачеше, ги исплака сите солзи. ● се ~ 1. Спонтано престане да плаче. Остави ја нека се исплаче. 2. Раскаже некому за своите проблеми, се изжали пред некого. Таа немаше пред кого да се исплаче. ◊ Ги исплака очите ‒ многу плачеше. ‖ (се) исплакува, (се) исплакуваат/(се) исплачува, (се) исплачуваат несв. ‖ глаг. им. исплакување/исплачување ср.