испокрие 1
Значење на испокрие:
1. Покрие добро некого или нешто. Ја испокри кутијата за да не се гледа.
2. Покрие повеќемина. Мајката ги испокри децата со јоргани.
Коњугација: испокрив , испокриен, испокриј , испокрија , испокријат , испокријте , испокрил , (ќе) испокриев , (ќе) испокриеја , (ќе) испокриел .
Изведени зборови:
- (се) испокрива, глаг. несв. (се) испокриваат
- се ~ испокрие, Се покрие (за повеќемина). Се испокрија секој со по едно ќебе.
Оригинални податоци:
испокрие1, испокријат; испокриј, испокријте; испокрив, испокрија; испокрил; (ќе) испокриев, (ќе) испокриеја; (ќе) испокриел; испокриен св. 1. Покрие добро некого или нешто. Ја испокри кутијата за да не се гледа. 2. Покрие повеќемина. Мајката ги испокри децата со јоргани. ● се ~ Се покрие (за повеќемина). Се испокрија секој со по едно ќебе. ‖ (се) испокрива, (се) испокриваат несв.