исполни

Глагол, свршен

Значење на исполни:

1. а) Направи нешто да биде полно, пополни празен простор; испразни. Студентите сосема ја исполнија салата. б) Пополни целосно образец, прашалник и сл.

2. Изврши, заврши некаква задача, обврска и сл. Ги исполнив сите задачи што ми ги дадовте.

3. Оствари, задоволи барање, желба, очекување, услов и сл. Ми ја исполни желбата. Тој не ги исполни моите очекувања.

4. Изведе на сцена. Песната ќе ја исполни еден од нашите најпознати пејачи.

Коњугација: исполнат.

Изведени зборови:

  • исполнување, глаг. им. ср.
  • се ~ исполни, 1. Се оствари. Неговите стравови се исполнија. Ми се исполнија надежите. 2. Доживее силни чувства. Срцето ми се исполни со радост.
  • (се) исполнува, глаг. несв. (се) исполнуваат

Оригинални податоци:

исполни, исполнат св. 1. а) Направи нешто да биде полно, пополни празен простор; спрот. испразни. Студентите сосема ја исполнија салата. б) Пополни целосно образец, прашалник и сл. 2. Изврши, заврши некаква задача, обврска и сл. Ги исполнив сите задачи што ми ги дадовте. 3. Оствари, задоволи барање, желба, очекување, услов и сл. Ми ја исполни желбата. Тој не ги исполни моите очекувања. 4. Изведе на сцена. Песната ќе ја исполни еден од нашите најпознати пејачи. ● се ~ 1. Се оствари. Неговите стравови се исполнија. Ми се исполнија надежите. 2. Доживее силни чувства. Срцето ми се исполни со радост. ‖ (се) исполнува, (се) исполнуваат несв. ‖ глаг. им. исполнување ср.