испосник

Именка, машки род

Значење на испосник:

1. Монах што живее на осамено место без допир со надворешниот свет, по строго определен ред; пустиник, аскет. Испосникот беше слаб и блед.

2. (прен., разг.) Тој што живее по строги правила, со големи самооткажувања. Тој е како испосник.

Множина: испосници.

Изведени зборови:

  • испосница, и. ж. мн. испосници и испосничка, мн. испоснички
  • испоснички, прил. Испоснички живее.
  • испоснички, прид. испосничкиот Испоснички живот.

Оригинални податоци:

испосник, мн. испосници м. 1. Монах што живее на осамено место без допир со надворешниот свет, по строго определен ред; пустиник, аскет. Испосникот беше слаб и блед. 2. (прен., разг.) Тој што живее по строги правила, со големи самооткажувања. Тој е како испосник. ‖ испосница, мн. испосници ж. и испосничка, мн. испоснички ж. ‖ испоснички, испосничкиот прид. Испоснички живот. ‖ испоснички прил. Испоснички живее.