испости
Значење на испости:
1. Додржи пост до крај. Ги испости велигденските пости.
2. Направи нешто да биде посно. Многу го испостила јадењето. Многу го испости организмот со диетата.
Коњугација: испостат.
Изведени зборови:
- испостување, глаг. им. ср.
- се ~ испости, 1. (прен.) Стане слаб, исушен. Многу се испости со таквиот начин на живот. 2. За почва ‒ стане неплодна од долго обработување без ѓубрење. Земјата се испостила.
- (се) испостува, глаг. несв. (се) испостуваат
Оригинални податоци:
испости, испостат св. 1. Додржи пост до крај. Ги испости велигденските пости. 2. Направи нешто да биде посно. Многу го испостила јадењето. Многу го испости организмот со диетата. ● се ~ 1. (прен.) Стане слаб, исушен. Многу се испости со таквиот начин на живот. 2. За почва ‒ стане неплодна од долго обработување без ѓубрење. Земјата се испостила. ‖ (се) испостува, (се) испостуваат несв. ‖ глаг. им. испостување ср.