испраша

Глагол, свршен

Значење на испраша:

1. а) Постави некому повеќе прашања за сè што сака да дознае, се распраша. Го испрашаа за сите дома, како се и што прават. б) Праша повеќемина. Ги испраша сите дојденци за него.

2. Подложи некого на проверка на знаењата, изведе испит. Професорот ги испраша студентите за два и пол часа.

Коњугација: испрашаат.

Изведени зборови:

  • испрашува, глаг. несв. испрашуваат
  • испрашување, глаг. им. ср. испрашување, PLUR_испрашувања Испрашувањата на странките траеше два часа.

Оригинални податоци:

испраша, испрашаат св. 1. а) Постави некому повеќе прашања за сè што сака да дознае, се распраша. Го испрашаа за сите дома, како се и што прават. б) Праша повеќемина. Ги испраша сите дојденци за него. 2. Подложи некого на проверка на знаењата, изведе испит. Професорот ги испраша студентите за два и пол часа. ‖ испрашува, испрашуваат несв. ‖ глаг. им. испрашување, мн. испрашувања ср. Испрашувањата на странките траеше два часа.