испрати
Значење на испрати:
1. Прати некому нешто преку посредник (по пошта, по друго лице и др. Го испрати писмото. Ти испратив некои книги по брат ми.
2. Прати некого некаде да изврши некаква задача. Го испратија да ја смири ситуацијата. На семинарот испратија двајца претставници.
3. Придружи некого донекаде. Тој ја испрати до дома. Бабата го испрати внучето до автобуската станица.
Коњугација: испратат.
Изведени зборови:
- испраќање, глаг. им. ср.
- (се) испраќа, глаг. несв. (се) испраќаат
- се ~ испрати, Се поздрави на испраќање. Се испрати со сите.
Оригинални податоци:
испрати, испратат св. 1. Прати некому нешто преку посредник (по пошта, по друго лице и др. Го испрати писмото. Ти испратив некои книги по брат ми. 2. Прати некого некаде да изврши некаква задача. Го испратија да ја смири ситуацијата. На семинарот испратија двајца претставници. 3. Придружи некого донекаде. Тој ја испрати до дома. Бабата го испрати внучето до автобуската станица. ● се ~ Се поздрави на испраќање. Се испрати со сите. ‖ (се) испраќа, (се) испраќаат несв. ‖ глаг. им. испраќање ср.