исправен

Придавка

Значење на исправен:

1. Што е правилен, што е заснован врз правила (законски, логички и сл.). Исправно решение. Исправен заклучок.

2. За механизам ‒ што работи, што не е расипан, дефектен. Исправен апарат. Исправен автомобил.

3. За човек ‒ што има добри особини, добар карактер, совесен, коректен.

Членувана форма: исправниот.

Изведени зборови:

  • исправно, прил. Работи исправно.
  • исправност, и. ж.

Оригинални податоци:

исправен, исправниот прид. 1. Што е правилен, што е заснован врз правила (законски, логички и сл.). Исправно решение. Исправен заклучок. 2. За механизам ‒ што работи, што не е расипан, дефектен. Исправен апарат. Исправен автомобил. 3. За човек ‒ што има добри особини, добар карактер, совесен, коректен. ‖ исправно прил. Работи исправно. ‖ исправност ж.