испрекрсти

Глагол, свршен

Значење на испрекрсти:

1. Направи, стави нешто во крст, прекрсти, вкрсти повеќе пати. Си ги испрекрстија рацете.

2. Измени име на повеќе носители на име. Ги испрекрстија улиците и училиштата.

Коњугација: испрекрстат.

Изведени зборови:

  • се ~ испрекрсти, 1. Се вкрсти во голема мера. Се испрекрстија многу патишта и тие не знаеја по кој од нив дојдоа. 2. Се прекрсти повеќепати. Се испрекрсти и истрча надвор.
  • (се) испрекрстува, глаг. несв. (се) испрекрстуваат

Оригинални податоци:

испрекрсти, испрекрстат св. 1. Направи, стави нешто во крст, прекрсти, вкрсти повеќе пати. Си ги испрекрстија рацете. 2. Измени име на повеќе носители на име. Ги испрекрстија улиците и училиштата. ● се ~ 1. Се вкрсти во голема мера. Се испрекрстија многу патишта и тие не знаеја по кој од нив дојдоа. 2. Се прекрсти повеќепати. Се испрекрсти и истрча надвор. ‖ (се) испрекрстува, (се) испрекрстуваат несв.