испромени
Значење на испромени:
1. Направи големи промени, измени. Кога стана раководител, испромени сè.
2. Облече, дотера некого во нова облека. Ги испромени децата во празнична облека.
Коњугација: испроменат.
Изведени зборови:
- се ~ испромени, 1. Се промени, се измени. Сè се испромени, не е како некогаш. 2. Се издотера, облече свечена облека. Се испроменила како за на гости.
Оригинални податоци:
испромени, испроменат св. 1. Направи големи промени, измени. Кога стана раководител, испромени сè. 2. Облече, дотера некого во нова облека. Ги испромени децата во празнична облека. ● се ~ 1. Се промени, се измени. Сè се испромени, не е како некогаш. 2. Се издотера, облече свечена облека. Се испроменила како за на гости.