испружи

Глагол, свршен

Значење на испружи:

Оптегне нешто колку што е долго. Ја испружи раката колку што можеше, но не можеше да ја дофати кутијата.

Коњугација: испружат.

Изведени зборови:

  • испружување, глаг. им. ср.
  • се ~ испружи, 1. Се оптегне. Се испружи во ладовината колку што беше долг и широк. 2. (прен., разг.) Плати нешто (при купување, направена услуга и сл.) или кога треба да се стави потпис. Добро се испружи за свадбата на ќерката.
  • (се) испружува, глаг. несв. (се) испружуваат

Оригинални податоци:

испружи, испружат св. Оптегне нешто колку што е долго. Ја испружи раката колку што можеше, но не можеше да ја дофати кутијата. ● се ~ 1. Се оптегне. Се испружи во ладовината колку што беше долг и широк. 2. (прен., разг.) Плати нешто (при купување, направена услуга и сл.) или кога треба да се стави потпис. Добро се испружи за свадбата на ќерката. ‖ (се) испружува, (се) испружуваат несв. ‖ глаг. им. испружување ср.