испука

Глагол, свршен

Значење на испука:

1. Добие многу пукнатини по површината. Устата му испукала. Од студот ѝ испукаа рацете. Земјата испукала од суша.

2. Истрела муниција од оружје. Испука само еден куршум.

3. Заврши со пукање муниција и др. Ги испука сите петарди што му останаа. Со иглата ги испука балоните.

Коњугација: испукаат.

Изведени зборови:

  • испукува, глаг. несв. испукуваат
  • испукување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

испука, испукаат св. 1. Добие многу пукнатини по површината. Устата му испукала. Од студот ѝ испукаа рацете. Земјата испукала од суша. 2. Истрела муниција од оружје. Испука само еден куршум. 3. Заврши со пукање муниција и др. Ги испука сите петарди што му останаа. Со иглата ги испука балоните. ‖ испукува, испукуваат несв. ‖ глаг. им. испукување ср.