испушти
Значење на испушти:
1. Пушти нешто, престане да држи. Ја испуштив чашата и таа се скрши.
2. Пушти некого да излезе од некаде. Некој го испуштил од шталата добитокот. Учителките ги испуштија децата во дворот.
3. За течност ‒ пушти да истече од некаде. Ја испушти водата од кадата.
4. Пушти, оддели од себе. Испушти очајнички крик. Лисјета не испуштаа медовина.
5. Пропушти, не искористи нешто. Го испуштив последниот автобус. Ја испуштив најголемата шанса во животот.
6. (прен.) Пропушти, изгуби од видно поле, од внимание. Го испуштив петтото прашање од тестот. Брзајќи испуштил многу букви.
Коњугација: испуштат.
Изведени зборови:
- испушта, глаг. несв. испуштаат
- испуштање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Го испушти од раце ‒ ја загуби контролата над некого, дозволи некому да тргне по лош пат. Му се испушти ‒ ненамерно каже нешто што не треба, ненамерно открие тајна. Испушти душа ‒ умре. Не го испушта од вид ‒ постојано внимава на некого.
Оригинални податоци:
испушти, испуштат св. 1. Пушти нешто, престане да држи. Ја испуштив чашата и таа се скрши. 2. Пушти некого да излезе од некаде. Некој го испуштил од шталата добитокот. Учителките ги испуштија децата во дворот. 3. За течност ‒ пушти да истече од некаде. Ја испушти водата од кадата. 4. Пушти, оддели од себе. Испушти очајнички крик. Лисјета не испуштаа медовина. 5. Пропушти, не искористи нешто. Го испуштив последниот автобус. Ја испуштив најголемата шанса во животот. 6. (прен.) Пропушти, изгуби од видно поле, од внимание. Го испуштив петтото прашање од тестот. Брзајќи испуштил многу букви. ◊ Го испушти од раце ‒ ја загуби контролата над некого, дозволи некому да тргне по лош пат. Му се испушти ‒ ненамерно каже нешто што не треба, ненамерно открие тајна. Испушти душа ‒ умре. Не го испушта од вид ‒ постојано внимава на некого. ‖ испушта, испуштаат несв. ‖ глаг. им. испуштање ср.