испусти

Глагол, свршен

Значење на испусти:

Направи нешто да биде пусто, опустоши. Немирни деца ја испустија градината. Ја испустија земјата.

Коњугација: испустат.

Изведени зборови:

  • испустување, глаг. им. ср.
  • се ~ испусти, 1. Стане пуст, остане сам. Се испустија селата. Името ми се испусти. 2. Престане да се грижи за себеси. Од тага сосема се испусти.
  • (се) испустува, глаг. несв. (се) испустуваат

Оригинални податоци:

испусти, испустат св. Направи нешто да биде пусто, опустоши. Немирни деца ја испустија градината. Ја испустија земјата. ● се ~ 1. Стане пуст, остане сам. Се испустија селата. Името ми се испусти. 2. Престане да се грижи за себеси. Од тага сосема се испусти. ‖ (се) испустува, (се) испустуваат несв. ‖ глаг. им. испустување ср.