ист
Значење на ист:
1. Што не е некој друг; токму тој. По многу години се најдов на истата улица, пред истата куќа. Истиот тој пред еден месец поинаку зборуваше. Истиот миг го грабна писмото и излета низ вратата.
2. Што не е поинаков; еднаков, многу сличен со некој друг. И тој ги употреби истите зборови. Двете купиле исти чевли. Ист татко му.
Членувана форма: истиот.
Изведени зборови:
- исто, прил. Исто мислиме. Двајцата исто зборуваат.
Фразеолошки израз / поговорка:
На иста бранова должина се ‒ слично размислуваат, се сложуваат.
Оригинални податоци:
ист, истиот прид. 1. Што не е некој друг; токму тој. По многу години се најдов на истата улица, пред истата куќа. Истиот тој пред еден месец поинаку зборуваше. Истиот миг го грабна писмото и излета низ вратата. 2. Што не е поинаков; еднаков, многу сличен со некој друг. И тој ги употреби истите зборови. Двете купиле исти чевли. Ист татко му. ◊ На иста бранова должина се ‒ слично размислуваат, се сложуваат. ‖ исто прил. Исто мислиме. Двајцата исто зборуваат.