истакне
Значење на истакне:
1. а) Постави нешто на видно место. Распоредот на часови е истакнат на огласната табла. б) Постави нешто понапред или повисоко од нешто друго. Низ целиот град високо ги истакнаа знамињата.
2. Нагласи, потцрта нешто како поважно, стави нешто во преден план. Тој ги истакна прашања што треба најпрво да се решаваат. Сакам да истакнам дека казните не се соодветни на прекршоците.
Коњугација: истакнаа , истакнав , истакнал , истакнат , истакнат , истакнете , истакни , (ќе) истакнеа , (ќе) истакнев , (ќе) истакнел.
Изведени зборови:
- се ~ истакне, Се издвои меѓу другите со некоја особина (храброст, дарба, со работа итн.). Се истакна на новото работно место.
- (се) истакнува, глаг. несв. (се) истакнуваат
Оригинални податоци:
истакне, истакнат; истакни, истакнете; истакнав, истакнаа; истакнал; истакнат; (ќе) истакнев, (ќе) истакнеа; (ќе) истакнел св. 1. а) Постави нешто на видно место. Распоредот на часови е истакнат на огласната табла. б) Постави нешто понапред или повисоко од нешто друго. Низ целиот град високо ги истакнаа знамињата. 2. Нагласи, потцрта нешто како поважно, стави нешто во преден план. Тој ги истакна прашања што треба најпрво да се решаваат. Сакам да истакнам дека казните не се соодветни на прекршоците. ● се ~ Се издвои меѓу другите со некоја особина (храброст, дарба, со работа итн.). Се истакна на новото работно место. ‖ (се) истакнува, (се) истакнуваат несв.