истанчи

Глагол, свршен

Значење на истанчи:

1. Направи нешто да биде танко.

2. (прен.) Потроши нешто. Имотот му го истанчија. Си го истанчи џебот.

Коњугација: истанчат.

Изведени зборови:

  • истанчување, глаг. им. ср.
  • се ~ истанчи, 1. Стане танок, излитен, се истроши. Се истанчиле ќебињата. 2. (разг.) Стане слаб, ослаби. Толку се истанчила што едвај можеш да ја познаеш.
  • (се) истанчува, глаг. несв. (се) истанчуваат

Оригинални податоци:

истанчи, истанчат св. 1. Направи нешто да биде танко. 2. (прен.) Потроши нешто. Имотот му го истанчија. Си го истанчи џебот. ● се ~ 1. Стане танок, излитен, се истроши. Се истанчиле ќебињата. 2. (разг.) Стане слаб, ослаби. Толку се истанчила што едвај можеш да ја познаеш. ‖ (се) истанчува, (се) истанчуваат несв. ‖ глаг. им. истанчување ср.