истече
Значење на истече:
1. Излезе од некаде со течење, се излее. Го засече местото за да истече лошата крв. Истече млекото.
2. (прен.) Дојде до крај, помине, заврши. Ви истече времето за размислување. Додека да трепнеш животот истекол.
Коњугација: истекле , истекоа , истеков , истекол , истечат , истече , истечен, истечете , (ќе) истечеа , (ќе) истечев , (ќе) истечел .
Изведени зборови:
- глаг. несв. истекува, истекуваат/истечува, истечуваат
- истечува, истечуваат VERB_INF
Фразеолошки израз / поговорка:
Очите му истекоа ‒ 1. Го заболеа очите од долго, напорно гледање. 2. Премногу нападно гледа во некој или нешто.
Оригинални податоци:
истече, истечат; истече, истечете; истеков, истекоа; истекол, истекле; (ќе) истечев, (ќе) истечеа; (ќе) истечел; истечен св. 1. Излезе од некаде со течење, се излее. Го засече местото за да истече лошата крв. Истече млекото. 2. (прен.) Дојде до крај, помине, заврши. Ви истече времето за размислување. Додека да трепнеш животот истекол. ◊ Очите му истекоа ‒ 1. Го заболеа очите од долго, напорно гледање. 2. Премногу нападно гледа во некој или нешто. ‖ истекува, истекуваат/истечува, истечуваат несв. ‖ глаг. им. истекување/истечување ср.