истегне
Значење на истегне:
1. а) Со тегнење направи нешто да биде подолго. Га истегна кората до потребната големина. б) (прен.) Протегне. Ги истегнаа вратовите за да видат подобро. Ги истегна нозете на каучот.
2. Со повлекување измести нешто од лежиштето. Играјќи кошарка ја истегна раката. Го истегна мускулот.
Коњугација: истегнаа , истегнав , истегнал , истегнат , истегнат , истегнете , истегни , (ќе) истегнеа , (ќе) истегнев , (ќе) истегнел.
Изведени зборови:
- истегнување, глаг. им. ср.
- се ~ истегне, 1. Се развлече, стане подолг (за материјал, ткаенина и сл.). За кусо време џемперот се истегна. 2. Легне, се испружи колку што е долг. Трчајќи, се сопна и се истегна на земјата. 3. (прен.) Се излежува, безделничи. Сите работат, а тој се истегнал на креветот.
- (се) истегнува, глаг. несв. (се) истегнуваат
Оригинални податоци:
истегне, истегнат; истегни, истегнете; истегнав, истегнаа; истегнал; истегнат; (ќе) истегнев, (ќе) истегнеа; (ќе) истегнел св. 1. а) Со тегнење направи нешто да биде подолго. Га истегна кората до потребната големина. б) (прен.) Протегне. Ги истегнаа вратовите за да видат подобро. Ги истегна нозете на каучот. 2. Со повлекување измести нешто од лежиштето. Играјќи кошарка ја истегна раката. Го истегна мускулот. ● се ~ 1. Се развлече, стане подолг (за материјал, ткаенина и сл.). За кусо време џемперот се истегна. 2. Легне, се испружи колку што е долг. Трчајќи, се сопна и се истегна на земјата. 3. (прен.) Се излежува, безделничи. Сите работат, а тој се истегнал на креветот. ‖ (се) истегнува, (се) истегнуваат несв. ‖ глаг. им. истегнување ср.