истепа

Глагол, свршен

Значење на истепа:

1. Силно, многу натепа некого. Се собраа тројца и го истепаа.

2. Убие повеќемина или сите. Разбојници влегле во селото и многу луѓе истепале.

Коњугација: истепаат.

Изведени зборови:

  • истепување, глаг. им. ср.
  • се ~ истепа, 1. (само во мн.) Се тепаат еден со друг. Се истепаа за глупости. 2. (прен.) Се премори, премали од нешто. Се истепав од работа. Се истепа од одење.
  • (се) истепува, глаг. несв. (се) истепуваат

Оригинални податоци:

истепа, истепаат св. 1. Силно, многу натепа некого. Се собраа тројца и го истепаа. 2. Убие повеќемина или сите. Разбојници влегле во селото и многу луѓе истепале. ● се ~ 1. (само во мн.) Се тепаат еден со друг. Се истепаа за глупости. 2. (прен.) Се премори, премали од нешто. Се истепав од работа. Се истепа од одење. ‖ (се) истепува, (се) истепуваат несв. ‖ глаг. им. истепување ср.