истера

Глагол, свршен

Значење на истера:

1. Избрка некого од некаде. Го истераа од училиште.

2. Извади добиток на пасење. Уште не беше разденето, а тој ги истера говедата на пасиште.

3. Извади со силен замав, удар, направи да испадне, да излезе нешто од своето место. Го истера клинот од штицата.

4. За растение ‒ израсте до некаде. Истерало житото.

5. (прен.) а) Направи нешто целосно. Ја истерав работата до крај. Денес не истеравме ни половина од тоа што требаше. б) Успее да заработи. Едвај истеруваат колку за лебот.

Коњугација: истераат.

Изведени зборови:

  • истерување, глаг. им. ср.
  • се ~ истера, Стане, е сличен, се метне на некого. Се истера на мајката. На кого се истерал олку умен.
  • (се) истерува, глаг. несв. (се) истеруваат

Оригинални податоци:

истера, истераат св. 1. Избрка некого од некаде. Го истераа од училиште. 2. Извади добиток на пасење. Уште не беше разденето, а тој ги истера говедата на пасиште. 3. Извади со силен замав, удар, направи да испадне, да излезе нешто од своето место. Го истера клинот од штицата. 4. За растение ‒ израсте до некаде. Истерало житото. 5. (прен.) а) Направи нешто целосно. Ја истерав работата до крај. Денес не истеравме ни половина од тоа што требаше. б) Успее да заработи. Едвај истеруваат колку за лебот. ● се ~ Стане, е сличен, се метне на некого. Се истера на мајката. На кого се истерал олку умен. ‖ (се) истерува, (се) истеруваат несв. ‖ глаг. им. истерување ср.