истине
Значење на истине:
1. Се олади, стане ладен. Јадењето истина. Кафето истина.
2. (прен.) Стане рамнодушен кон некого или кон нешто. Му истина срцето. Тој истина во однос на неа.
3. (прен.) Умре. Уште не беше истинат, а тие веќе го заборавија.
Коњугација: истинаа , истинав , истинал , истинат , истинат , истинете , истини , (ќе) истинеа , (ќе) истинев , (ќе) истинел.
Изведени зборови:
- истинува, глаг. несв. истинуваат
- истинување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
истине, истинат; истини, истинете; истинав, истинаа; истинал; истинат; (ќе) истинев, (ќе) истинеа; (ќе) истинел св. 1. Се олади, стане ладен. Јадењето истина. Кафето истина. 2. (прен.) Стане рамнодушен кон некого или кон нешто. Му истина срцето. Тој истина во однос на неа. 3. (прен.) Умре. Уште не беше истинат, а тие веќе го заборавија. ‖ истинува, истинуваат несв. ‖ глаг. им. истинување ср.