истопи 1

Глагол, свршен

Значење на истопи:

Направи нешто да биде влажно, наводени. Шлапна во вирчето и ги истопи нозете. Дождот ме истопи.

Коњугација: истопат.

Изведени зборови:

  • се ~ истопи, Се наводени. Се истопи миејќи ги прозорците.
  • (се) истопува, глаг. несв. (се) истопуваат

Оригинални податоци:

истопи1, истопат св. Направи нешто да биде влажно, наводени. Шлапна во вирчето и ги истопи нозете. Дождот ме истопи. ● се ~ Се наводени. Се истопи миејќи ги прозорците. ‖ (се) истопува, (се) истопуваат несв.