истопи 2
Значење на истопи:
Направи нешто да премине од цврста во течна состојба, се растопи. Сонцето го истопи снегот. Вчера ја истопија маста.Коњугација: истопат.
Изведени зборови:
- се ~ истопи, 1. Премине од цврста во течна состојба, се растопи. Сладоледот ти се истопи. 2. (прен.) а) Ослаби многу (од болест, од грижи и сл.). Се истопи од грижи за синот. б) Е обземен од силно чувство. Се истопи во неговата прегратка. в) Го снема, се потроши. Се истопија парите.
- (се) истопува, глаг. несв. (се) истопуваат
Оригинални податоци:
истопи2, истопат св. Направи нешто да премине од цврста во течна состојба, се растопи. Сонцето го истопи снегот. Вчера ја истопија маста. ● се ~ 1. Премине од цврста во течна состојба, се растопи. Сладоледот ти се истопи. 2. (прен.) а) Ослаби многу (од болест, од грижи и сл.). Се истопи од грижи за синот. б) Е обземен од силно чувство. Се истопи во неговата прегратка. в) Го снема, се потроши. Се истопија парите. ‖ (се) истопува, (се) истопуваат несв.