историја

Именка, женски род

Значење на историја:

1. (само едн.) а) Минатото во неговиот непрекинат тек и развиток. б) Наука што го проучува минатото; проучување на минатото. Национална историја. Подалечна историја.

2. а) Наставен предмет. б) (разг.) Учебник по тој предмет. Историја за петто одделение.

3. (разг.) Развоен пат, тек на нешто, долга приказна за некој настан. Оваа фотографија си има своја историја. Тоа е цела историја, не можам сега да ти раскажувам за тоа.

Множина: истории.

Изведени зборови:

  • историски, прид. историскиот Историски настан. Историски процес.

Фразеолошки израз / поговорка:

Жива историја ‒ човек што е современик и учесник во многу историски настани, што ги памети и многу раскажува за нив.

Оригинални податоци:

историја, мн. истории ж. 1. (само едн.) а) Минатото во неговиот непрекинат тек и развиток. б) Наука што го проучува минатото; проучување на минатото. Национална историја. Подалечна историја. 2. а) Наставен предмет. б) (разг.) Учебник по тој предмет. Историја за петто одделение. 3. (разг.) Развоен пат, тек на нешто, долга приказна за некој настан. Оваа фотографија си има своја историја. Тоа е цела историја, не можам сега да ти раскажувам за тоа. ◊ Жива историја ‒ човек што е современик и учесник во многу историски настани, што ги памети и многу раскажува за нив. ‖ историски, историскиот прид. Историски настан. Историски процес.