историзам

Именка, машки род

Значење на историзам:

1. (само едн.) Историски пристап во проучувањето на појавите во природата и во општествениот живот.

2. (само едн.) Пренагласеност на историските факти во вкупноста на фактите на духовниот и општествениот живот; историцизам.

3. (лингв.) Збор што означува предмет, појава или функција на лице што не се застапени во современиот живот.

Множина: историзми.

Членувана форма: историзмот.

Оригинални податоци:

историзам, историзмот, мн. историзми м. 1. (само едн.) Историски пристап во проучувањето на појавите во природата и во општествениот живот. 2. (само едн.) Пренагласеност на историските факти во вкупноста на фактите на духовниот и општествениот живот; сп. историцизам. 3. (лингв.) Збор што означува предмет, појава или функција на лице што не се застапени во современиот живот.