истресе

Глагол, свршен

Значење на истресе:

1. Со тресење исчисти од прав. Го истресе килимот.

2. Испразни до крај со тресење. Ги истресе џебовите. Ја истресе чантата.

3. Заниша гранка, дрво, за да паднат сите плодови или лисје. Се поткрена на прсти и ја истресе гранката.

4. (разг.) Каже нешто неумесно, непромислено. Ова го истресе од ракав. Истресе многу глупости за кусо време.

Коњугација: истресат , истресен, истресете , истреси , истресле , истресоа , истресов , истресол , (ќе) истресеа , (ќе) истресев , (ќе) истресел .

Изведени зборови:

  • истресување, глаг. им. ср.
  • се ~ истресе, 1. Се исчисти од нешто со тресење. Полека стана, се истресе и продолжи понатаму. 2. (прен.) Дојде ненајавен, се појави неочекувано. Старата туку се истресе пред нив.
  • (се) истресува, глаг. несв. (се) истресуваат

Оригинални податоци:

истресе, истресат; истреси, истресете; истресов, истресоа; истресол, истресле; (ќе) истресев, (ќе) истресеа; (ќе) истресел; истресен св. 1. Со тресење исчисти од прав. Го истресе килимот. 2. Испразни до крај со тресење. Ги истресе џебовите. Ја истресе чантата. 3. Заниша гранка, дрво, за да паднат сите плодови или лисје. Се поткрена на прсти и ја истресе гранката. 4. (разг.) Каже нешто неумесно, непромислено. Ова го истресе од ракав. Истресе многу глупости за кусо време. ● се ~ 1. Се исчисти од нешто со тресење. Полека стана, се истресе и продолжи понатаму. 2. (прен.) Дојде ненајавен, се појави неочекувано. Старата туку се истресе пред нив. ‖ (се) истресува, (се) истресуваат несв. ‖ глаг. им. истресување ср.